Кумановските наставници онлјан наставата да ја изведуваат од дома, препорача Кризниот штаб

Од:

Кризниот штаб од Куманово денеска им препорача на директорите на основните и средните училишта, согласно нивните ингеренции, да го редуцираат физичкото присуство на наставниот кадар, кој спроведува онлајн настава. Се предлага, наставниците од дома да ја спроведуваат наставата за да се намалат физичките контакти меѓу вработените во училиштата.

Од Кризниот штаб од денешниот 53-ти состанок уште еднаш апелираа до граѓаните доследно и строго да се придржуваат кон мерките донесени од Владата, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

– Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака до раководните лица на сите основни и средни општински училишта, во согласност со нивните овластувања, да го редуцираат физичкото присуство на наставниот кадар во училиштата, кој реализира онлајн настава, истата да ја реализира од дома, со цел да се намалат физичките контакти помеѓу вработените во училиштата. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од два метри, носење на заштитни маски, како и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории, се наведува во соопштението на Штабот.

Кризниот штаб, додаваат оттаму, редовно ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира. На состанокот во општината присуствуваа претставници од Општинскиот штаб, од надлежните институции, организации, јавни претпријатија…

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски