Кумановскиот кризен штаб останува на барањата за 14-дневен контролиран карантин

Од:

Кумановскиот кризен штаб останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии кои изминатиов период ги упатува кон Владата, државните институции и комисии, објави Општина Куманово, за 14-дневен контролиран карантин и воведување кризна состојба во Општината.

Штабот на денешната седница одговорил позитивно на барањето на Општина Липково за помош во спроведувањето на дезинфекција на територијата на таа општина. Од штабот и препорачуваат на „Чистота и Зеленило“ да организира дезинфекција со амортизери во соработка со штабот на Липково и да се изврши дезинфекција на јавните прометни површини согласно динамичниот план. „Чистота и Зеленило“ ќе им отстапи на времено користење пет моторни пумпи за дезинфекција и ќе ги обучи тимовите за ракување и дезинфекција.

– Штабот стои на располагање на Општина Липково и останатите општини во регионот за соработка и споделување на взаемната помош во борба против епидемијата со Ковид 19- се вели во објавата.

Штабот ја задолжи ЈП „Чистота и зеленило“ да ја реорганизира својата активност по заклучоците на штабот, да продолжи со непречена дезинфекција на територија на Општина Куманово и непречено вршење на нејзината основна функција, износ на комунален отпад.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски