Кумановскиот градоначалник оствари средба со дел од бизнис заедницата

Од:

Кумановскиот градоачалник Максим Димитриевски, денеска оствари средба со Здружението на стопанственици на микро и мали претпријатија и од Здружението на чевларски работици на која претставниците на бизнис заедницата ги презентирале нивните предлог мерки за помош на стопанството кое е засегнато од вонредната состојба од ширењето на коронавирусот.

-Општина Куманово ќе направи се во рамките на своите можности и надлежности да излезе во пресрет на барањата, но првенствено ќе даде приоритет на постоечката вонредна состојба и борбата со корона вирусот, со цел побрзо надминување на кризата и заштита на граѓаните, информираат од општината.

Во најкус можен рок ќе биде остварена средба со претставници од Владата на Република Северна Македонија, на која ќе се презентираат ставовите на кумановското стопанство, како и сите идеи, со цел намалување на загубите на стопанствениците, кои реално ги трпат.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски