Во населбата Карпош во Куманово синоќа околу 20,30 часот, откако М.С.(49) влегол во својата куќа, бил нападнат од три маскирани лица со безбол палки, при што му биле одземени денари и девизи, во вредност од околу 13.500 евра.
Според пријавата на оштетениот, соопшти денеска МВР, при бегството на сторителите, кај еден од нив забележал дека носел пиштол. На М.С. му е укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар Куманово, по што е пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.