Куќниот притвор на Камчев стигна пред Врховниот суд

Од:

Откако двапати по ред му беше потврдена мерката куќен притвор од Апелациониот суд на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“, минатата недела четворица негови адвокати до Врховниот суд поднеле жалба повикувајќи се на начелното правно мислење на највисокиот суд за рокот за истраги, дознава „А1он“.

Според нашите сознанија, веќе неделава врховните судии ќе одлучуваат за жалбата на Камчев. Ако кривичниот совет на Врховниот суд го следи начелното правно мислење, тогаш може да се очекува оваа жалба да биде прифатена и Камчев да биде пуштен да се брани од слобода.

СЈО во петокот ја информира јавноста дека по доставени предлози, Апелацискиот суд Скопје донел решенија со кои им се продолжува куќниот притвор во траење од 30 дена за осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.

На осомничените Тодор Мирчевски и Зорица Арсосвска е одземен пасошот и треба еднаш неделно да се јавуваат во судот. Ним не им беше продолжен куќниот притвор и тие се на слобода.

Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за неколку кривични дела.

Според СЈО, осомничените се товарат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Во предистражната постапка, со преземање на различни истражни дејствија, како и со примена на посебни истражни мерки, се обезбедени доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Васко Маглешов

 

Би можело да ве интересира

Триесет дена притвор за кумановецот осомничен за криење оружје и муниција во близина на Арачиново

Предраг Петровиќ

Притвор за двајца битолчани кои со ножеви нападнале полициска патрола

Горан Наумовски

Судот одлучи: Осум обвинети од акцијата „Адитив“ завршија во притвор

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Притвор за тројцата осомничени кои го газеа македонското знаме

Горан Наумовски

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак