А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Куќен притвор за 16-годишникот кој го прегази хирургот Јота

by А1он27/02/2021 - 18:3127/02/2021 - 18:36768
Share0

16-годишниот кој пред два дена го прегази хирургот Ѓорѓи Јота во близина на Клиничкиот центар доби 15 дена куќен притвор, а одземен му е и пасошот информираат од Основното јавно обвинителство. Тој се товари за две кривични дела.

Добивај вести на вибер

Јавен обвинител од ОЈО Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител од судијата за малолетникот побара мерка куќен притвор и одземање на пасошот.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“ не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба, а детето во ризик веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.

Јавниот обвинител од судијата за деца побарал за малолетникот да определи мерка куќен притвор со која ќе го обезбеди неговото присуство во текот на постапката, како и мерка на претпазливост – привремено одземање на патната исправа. Судијата го прифатил предлогот на обвинителот, па на детето во ризик му определи притвор во траење од 15 дена и одземање на пасошот.​

Хирургот Ѓорѓи Јота се наоѓа во животозагрозувача состојба, има тешка повреда на главата и е на интензивно лекување.

hronikapesakpovreden

Би можело да ве интересира

80-годишник загина поправајќи трактор

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:08

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:06

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 14:4523/04/2026 - 15:55

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Катерина Ѓуровски17/04/2026 - 09:56

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 14:15

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 09:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто