Кукан: Несреќна одлука за Македонија, на земјата и треба поттурнување од страна на ЕУ, а не тишина!

Од:

Не престануваат негодувањата на пратениците од Европскиот парламент на одлуката на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија да не ја стават Република Македонија на дневен ред за Самитот на Европскиот совет кој започнува денеска во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, токму Европарламентот и Европската комисија изминатите четири години последователно даваа позитивни Резолуции и препораки за почеток на пристапните преговори за членство на нашата земја во Унијата, но шефовите на дипломатиите ги одбиваа истите на состаноците на Советот за општи работи (ГАК).

Завчерашната одлука на министрите во Луксембург да нема ниту заклучок за Македонија, се чини ја прели чашата и го крена гласот во европскиот законодавен дом.

Откако вчера прв реагираше британскиот пратеник во ЕП, Чарлс Тенок, нарекувајќи ја “неправедна и за жалење“ одлуката на шефовите на дипломатиите за Македонија, денеска со реакција се јави и поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, европратеникот Едвард Кукан.

– Министрите на ЕУ-земјите донесоа една несреќна одлука, ќе рече во изјава за МИА еден од најискусните членови на Европарламентот од таборот на Европските народни партии (ЕПП).

– На вашата земја и е потребно силно поттурнување од страна на ЕУ, а не тишина. Јас само ќе се повикам на последната препорака на Европскиот парламент, а тоа е дека треба да се одреди датум за почеток на пристапните преговори без понатамошно одложување – дециден европратеникот Кукан.

Инаку, на состанокот на ГАК во вторникот во Луксембург, и покрај четирите позитивни препораки за одобрување на датум за почеток на преговорите со Македонија на Еврокомисијата, со се позитивниот пролетен извештај базиран на заклучоците на декемврискиот Самит на Европскиот совет, министрите на земјите-членки поради Грција одлучија воопшто да не се разговара за доделување на датум на нашата земја.

Иако комесарот Штефан Филе вчера го посочи прстот кон земјите-членки како оние што ја донеле негативната одлука за Македонија, токму поради нивното омаловажуање од Советот, Европарламентот и Комисијата се очекува деновиве да продолжат со реакции на ова прашање, бидејќи е доведен во прашање нивниот кредибилитет.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје