Кучињата лаат, карванот си врви

Од:

Со години ме мачи едно нешто кое до ден денешен неможам да го сватам. Ме мачи тоа што неможам да ја сватам тесноградоста на луѓе кои се чувствуваат повикани, избрани, кои се обидуваат да делуваат месијански и кои се замислуваат дека се од Бога одбрани да одлучуваат за мојата судбина.
И уште нешто кое ме распаметува, прастанува да ме чуди е дека јас со својот персоналитет им го овозможувам мандатот во кој тие си играат со мојот живот и мојата судбина како да ми е од нив подарена!
Ај што си играат со мене туку продолжуваат да си играат со судбините на моите деца, со судбините на моите внуци. Е па ако е дотолку дојдено доста е бе господо умислени месии. Доста си играте со нас како да сме играчки. Дали вашето доживување дека сме играчки значи дека како деца сте немале играчки и дека сето тоа што ви недостасувало во дестството го надоместувате сега играјки си со нас?! А дали сваќате дека нас не боли кога не шутирате, да не речам клоцате, кога не чешлате кога ќе ви падне на памет, кога не капите, а немате вода и сапун, кога не храните со празни лажици. Боли бе , боли до коска боли кога тоа ни го правите. Боли кога не ме есапите за жив се до изборите, а татко ми и мајка ми, Бог да им душа прости, ги тинтрате да гласаат за вас. Шуќур што ве имам па да можам да ги видам.
Седам пред гласачко место чекајки ги да гласаат, ама јок, никако да ги видам а тие гласале! Ај, да си и…е векот ни Дејвид Коперфилд не ви е рамен. Не ме есапите за жив и кога ви го поставувам, веќе сум досаден, прашањето: Како тоа само во вашата партија се најстручните луѓе и со својата *стручност* се поставуваат на министерски, директорски, државносекретарски и какви ти не функции. Со години прашувам како тоа на високи места се поставуваат теоретичари кои абер немаат со праксата, а треба практично да ни ги решаваат животните проблеми?! И? Одговор до ден немам. Се функционира по принципот КУЧИЊАТА СИ ЛААТ КАРВАНОТ СИ ВРВИ.
Со години сум принуден да гласам ПРОТИВ, а никогаш ЗА. Со години раката ми се тресе кога треба да заокружам некоја листа а знам дека грешам. А морам бидејки несакам да гласам за другите. Скоро сите ПРАЈМИНИСТРИ сум ги прашал за погоре напишаното. Е да еден од нив направи преседан и постави за министер непартиски човек. Експерт! Дали беше така? Незнам, не сум сигурен. И тој се изгуби во сивилото на партизмот на власт. Е сега зошто и од која позиција го пишувам ова? Па многу едноставно, го пишувам од позиција на човек, ЧОВЕК, а не од позиција на 2410947…….Сакам конечно да бидам сватен како персоналитет, а не како песоналите. Сакам да бидам сватен и прифатен како квалитет. Говорам како ЧОВЕК а на како ЈАС.
Ме распаметува фактот дека ништо кое граѓаните го предочуваат не се сваќа сериозно, а забораваме дека народот е силата на една држава, ако сме држава. Сакам мојата Македонија да престанам да ја викам НЕДОЈДИЈА. Сакам конечно во оваа држава вистински луѓе да бидат поставени на вистински места. Преку глава ми е од полуобразовани типови кои , ако сум ставен во ситуација, да ги тинтрам за да ми фрлат некое кофче.
Јас сватив, а дали вие драги мои сограѓани свативте дека сте живи и присутни само за подкусурување и докусурување на сметките…….хаххаххааа………..не нашите, туку нивните. Ми се смачи да влезам во такси и со таксистот да разговарам на тема политика, односно политиканство.
Ми се смачи двајца криминалци, секоја чест на пресумцијата на невиност, да ја решаваат мојата судбина. Едниот е под истрага, а против другиот со куп обвинениа. Па ако се има малку доблест треба и двајцата да се повлечат и да им остават простор на чесните да допреговараат. А има ли такви? Прашање е сега. Сакам мојата судбина да ја предадам во раце на луѓе кои умеат и знаат да го прават тоа за кое ќе бидат определени. Сакам со таксистот да разговарам за жени и вино. Сакам моите внуци да не играат игра Заевисти, Груевисти. Сакам граѓанинот да не знае кој му е претседател на парламентот (сето нарочно напишано со мали букви).
Сакам мојот Театар да стане центарот на интересирањето на граѓаните. Сакам да престанеме да се гледаме низ нишан. Сакам место пушка , жена да гушкам, па потопла е. Со еден збор сакам да му го одстапам местото на Неговото Величество ЧОВЕКОТ. Сакам отворени листи, една изборна единица. А вие? Не сакате нели?! Па нормално дека не сакате затоа што ви гарантирам дека ќе ве победам со моите 120 кандидати, а вие ќе се освестите конечно дека не по роднински, по непотистички линии, ќе ги полните вашите листи. Во моментов знам дека во вашите штабови се води војна кој кај да си го смести задникот за некое евриче повеќе. Ако вака продолжите полека но сигурно ќе губите и едните и другите. Едните по сите логики досега требаше да ги снема. Ако продолжиме вака петпари ни е алот Секој ден слушам дека е потребна трета опција. Па бујрум, еве ви пишува еден трето опцијаш. Опцијаш кој од петни жили се труди да ја сруши оваа НЕвласт. Еве и да ја срушам! Што потоа?
Марин Бабиќ
Еден од основачите на ФРОДЕМ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска