Косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи ја отфрли можноста за екстрадиција на двајцата обвинети во случајот Монструм, Али Демири и Африм Исмаиловиќ, поради нивното двојно државјанство.
„Косово не ги екстрадира своите државјани. Двете лица за кои станува збор се косовски државјани (покрај тоа што имаат македонско државјанство)“, рече Кучи за SETimes.
Тие се обвинети за убиството на пет луѓе кај Смиљковското езеро минатата година во април, но иако и официјално е побарана нивна екстрадиција, косовските власти досега не одговориле.
Двајцата се осомничени и за нелегално поседување оружје кое беше пронајдено кај нив откако беа упасени во Косово по меѓународната потерница на македонските власти.
Судот во Приштина нема временски лимит да ја донесе одлуката за нивна екстрадиција.