Крмов од Македонска Каменица: Посебен закон за пензионирање на рударите, 20 години стаж и 10 години бенефициран стаж

Од:

Носителот на листата на Левица во ИЕ3 – пратеникот Борислав Крмов, заедно со членот на Президиумот на Левица – Александар Симонов и советникот од Левица, Тони Стаменковски, остварија средба со граѓаните на Македонска Каменица.

На средбите со рударите, имајќи ги предвид проблемите со кои се соочуваат тие, пратеникот Крмов истакна:

„Во моментов рударите одат во пензија со, од прилика, 27 годишен стаж и 13 години бенефициран стаж. Во ниедна држава не е така. Секаде е тоа помалку, што значи дека ние како пратеници во Собранието ќе бараме посебен закон за рударство, којшто ќе намали на: 20 години стаж и 10 години – бенефициран стаж”.

Пред граѓаните на Македонска Каменица, Крмов истакна и дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица што се однесуваат на инфраструктурата и заштитата на природните ресурси:

– Целосна обнова и проширување на руралната патна инфраструктура на локални патишта – со цел поврзаност
на секое село до главните транспортни артерии;
– Прогласување за национални богатства на водите, шумите, рудите и минералните ресурси и забрана за нивно издавање под концесија!;
– Ограничување на концесионерството на природните богатства и на јавните добра и услуги, со целосна забрана за давање под концесии на водни ресурси.

Во однос на домашното земјоделско производство и мерките за земјоделството и стопанството, Крмов се задржа на следново:
– Заштита на домашното производство (Made in Macedonia);
– Рестартирање или отворање на нови профитабилни државни компании во секоја стратешка гранка од стопанството како: рудници, металопреработувачка индустрија, откупни пунктови за земјоделски и шумски производи, производство на автохтона храна и пијалоци и многу други стопански дејности.

Стимулирање на задругарството и кооперативите, во сите сфери на здружување е една од мерките во Програмата на Левица. Тука се мисли на работнички кооперации, земјоделски задруги итн.

Оттука, Левица се залага за поттикнување на задругарството преку проектот „Мало селско стопанство“ (т.н. аграрни кооперативи) со стручна, техничка и техолошка, т.е. механизациска поддршка на земјоделските задруги.

Крмов од Македонска Каменица ја истакна и програмската мерка за гарантирани цени за најосновните прехранбени продукти и намирници потребни за секојдневен живот на населението.

Ова е само мал дел од над 1000 мерки и проекти, предвидени во Изборната програма на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он