Крмов од Берово: Левица се залага за задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници

Од:

На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот од Левица и Носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов, обраќајќи се кон земјоделските произведители, истакна дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица.

,,Приоритет ни е укинувањето на забраната за продавање на зелени пазари за сите ,пазарџии’ со минимални примања. Секој има право да го продава на пазар она што самиот го произвел со свој труд!”, потенцираше Крмов.

,,Левица се залага за воведување на задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници (гранапи), каде што ќе бидат изложени само наши македонски производи, видно одделени од останатата увозна стока”, дадава Крмов.

Имајќи ги предвид туристичките капацитети на Берово и природните ресурси за зајакнување на туристичката понуда на недопрената природа во беровскиот регион, Крмов ги потенцираше мерките и проектите од програмата на Левица што на беровчани ќе им донесат поголеми можности за туристичко – економски развој.

,,Во делот на туризмот, Левица се залага за изработка на петгодишна Национална стратегија за поддршка и стратешки развој на македонскиот туризам, со вложување во локална инфраструктура (промоција, пристап, ресторани, сувенирници, организирани посети и тури и сл.). Понатаму – брендирање на името ,Македонија’ и промоција на нашата гостопримливост во странски туристички списанија – со организирани роуд-шоуа за големи светски и европски туроператори низ повеќе предели од Македонија, меѓу кои и Берово”, вели Крмов.

Според Крмов, Левица има предвидено и стимулации на неколку туристички гранки од национално значење: т.н. зелен, одржлив, т.е. алтернативен еко-туризам (селски / рурален / манастирски), бањски туризам (велнес и спа-центри) и др.

,,Се залагаме за развој на вински и гастрономски туризам преку промоција на традиционалната македонска кујна. Левица се залага и за зголемување на туристичката такса на минимум 1,5 евро, која во моментот е далеку најниска во однос на земјите од регионот (пр. во Македонија таа изнесува само 40 денари; во Србија = 1,53 ЕУР; во Хрватска = 1.59 ЕУР; во Словенија = 3 ЕУР), како наменско користење на средствата од оваа такса исклучиво за развој на туризмот”, истакнува пратеникот и Носител на ИЕ3, Борислав Крмов.

Ова се само мал дел од над 1000 мерки и проекти од најважните сфери на општественото живеење предвидени во Изборната програма на Левица.

Би можело да ве интересира

Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?

Левица: Нема да дозволиме приватизација на Дрисла и на Комунална хигиена

Левица: Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно државјанство добил пристап до државни тајни

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Левица: 34 години независност – Македонија се уште се бори за своите национални интереси

А1он