Кризниот штаб Куманово бара двојно да се зголемат термините за тестирање за коронавирус

Од:

Министерството за здравство да обезбеди двојно повеќе термини за тестирањe поради зголемен број заболени од коронавирус, побара Oпштинскиот кризен штаб на Куманово. Од Штабот бараат Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести да ја разгледаат потребата од носење нови или промена на постоечки протоколи, а граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за заштита. Ова се дел од заклучоците кои ги донесе Општинскиот кризен штаб на 52-та седница.

-Поради зголемен број на заболени лица од коронавирус, како и немање термини за тестирање, бараме од Министерство за здравство барем двојно да се зголеми бројот на термини за тестирање преку МојТермин за Општина Куманово. Поради зголемен број заболени лица, како и обезбедување соодветен третман за нивно лекување (преглед, насочување, хоспитализација и слично) бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести да ја разгледа потребата од донесување нови или промени на постоечките протоколи, се вели во соопштението на Штабот.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки на Владата – физичка дистанца од два метра, носење заштитни маски и новата мерка – забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден, цела седмица, со дефинирани исклучоци.
Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира, се наведува во соппштението.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе