Кривично да се гони Владимир Панчевски, бара Антикорупциската комисија

Од:

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење на одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и за поранешниот претседател Владимир Панчевски. Иницијативата ќе биде поднесена до Јавното обвинителство бидејќи од комисијата сметаат дека вработувањето на внукот на Панчевски, Јордан Тасевски, како помлад судски соработник,  претставува посериозно кривично дело од непотизам.

Внукот на Панчевски, според антикорупционерите, бил вработен во судот иако тој воопшто не бил пријавен кандидат.

„Тој фактички бил уфрлен на листата, воопшто не бил пријавен како кандидат за оваа позиција, а сепак бил примен на работа. Ова ги надминува границите на класичен непотизам“, рече на денешната седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

На огласот за помлад судски соработник во Основниот суд Скопје 1 биле пријавени 155 кандидати, а работното место го добил токму внукот на Панчевски, иако не бил пријавен како кандидат.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев