А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривичниот суд се уште не ги оценил обвиненијата за „Талир“

by А1он08/01/2019 - 11:2908/01/2019 - 12:55206
Share0

Кривичниот суд информира дека обвиненијата за случајот „Талир“ на СЈО, сè уште не се оценети. „Советот за оценка на обвинителен акт одржа јавна седница во присуство на странките, но до овој момент сеуште не е донесено решение за оценка на обвинителните акти. Со оглед да за истиот предмет против еден обвинет, врз основа на признание на вина, веќе е донесена пресуда, не треба да се извлекува заклучок дека се оценети и обвинителните акти“, пишува во соопштението од кривичниот суд.

Добивај вести на вибер

СЈО лани поднесе две обвиненија за случајот „Талир“. Во првото обвинение се опфатени поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на партијата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Тие се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе. Чингаровска лани призна вина и доби условна казна.

За изградбата на новото партиско седиште, пак, се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски. Тие склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип, иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле „несразмерна корист“ за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин се стекнале со имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.

Васко Маглешов

sjosudtalir

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:01

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Горан Наумовски18/09/2025 - 10:22

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Горан Наумовски29/08/2025 - 14:42

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:45

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Горан Наумовски01/06/2025 - 16:54

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Горан Наумовски29/05/2025 - 08:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен