Кривичниот суд ќе бара спас за истрагите на СЈО преку Собранието

Од:

За иднината на истрагите на СЈО и за преземањето предмети од редовните обвинителства, освен новиот закон кој е во подготовка, ќе „пресуди“ и автентичното толкување на Законот за специјалното јавно обвинителство, кое кривичниот суд ќе го побара преку државниот јавен обвинител од Собранието. Ова било одлучено на судискиот колегиум во кривичниот суд кој се одржал вчера попладнето.

Најпрвин државниот обвинител Љубомир Јовески ќе треба да се произнесе за тоа кое обвинителство треба да ги води предметите на СЈО кои беа оспорени со мислењето на Врховниот суд, но и ќе се бара автентично толкување од Собранието на членот 22 од Законот за СЈО, за кој, Врховниот суд даде мислење, дека Катица Јанева повеќе не е овластен тужител за да отвора истраги покренува обвиненија.

Јовески веќе јавно го соопшти ставот дека Врховниот суд не бил надлежен да одлучува за ова прашање бидејќи не станува збор за невоедначена пракса на судовите, туку за толкување на закон што е надлежност на Собранието.

Највисокиот суд минатата недела донесе начелно мислење дека рокот од 18 месеци за обвиненија и истраги СЈО требало да го смета од моментот кога биле преземни бомбите, а не од секој поединечно од преземањето на секој предмет од редовното обвинителство.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов