Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО за мерки за претпазливост на Јанкулоска

Од:

Жалбата на Специјалното јавно обвинителство се одбива како неоснована, а решението на судијата на претходна постапка се потврдува, велат од Кривичниот суд, во однос на барањето да се одредат мерки за претпазкливост за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, осомничена во случајот познат како „Тврдина“.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решението на судијата на претходна постапка од 18.7.2016, со кое беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против Гордана Јанкулоска опфатена во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, донесе решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на судијата на претходна постапка се потврдува, велат од Кривичниот суд.

Судијката на пратходна постапка, Александра Поп-Стефанија, смета дека не постои основа за определување мерки на претпазливост за поранешната министерка Гордана Јанкулоска, предложени од СЈО, од причина што не постоеле околности што упатуваат на реална опасност од бегство на осомничената, имајќи ги предвид нејзините лични и семејни односи, со оглед на тоа што има цврсти семејни односи во Република Македонија – нејзиниот сопруг и родителите се со постојано место на живеење во Република Македонија, потоа дека таа е имотна, вработена и со постојано место на живеење во Скопје на точно позната адреса.

Ова е наведено во решението на судијката на претходна постапка врз основа на предлогот на СЈО за одземање на пасошот на Јанкулоска објавено минатата недела.

Јанкулоска е третоосомничена во предметот „Тврдина“ за уништувањето на системите на прислушување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ексклузивно: Сопругот на Јанкулоска зборува за жолтите комбиња, понудите за спас, кој ѝ нарачал прислушување

Кристијан Ландов

Јанкулоска до Мијалков во 2013: ДУИ забележаа и им пречи што даваме државјанства на луѓе во Кичево

Наум Локоски

Гордана Јанкуловска го покажа својот син, облечен во дрес од Ливерпул

Наум Локоски

Јанкулоска: Не можам да се оптоварувам со ефикасноста на судството, најважно ми е здравјето на детето

Наум Локоски

Груевски и Јанкулоска фаворизирале економски оператор за набавката на „мерцедесот“

Наум Локоски

Јанкулоска: Телефонот ми бил следен 732 дена

Наум Локоски