Јанкулоска: Не можам да се оптоварувам со ефикасноста на судството, најважно ми е здравјето на детето

Од:

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, со објава на социјалната мрежа фејсбук се огласи во поглед на неколку аспекти од рочиштето за предметот на СЈО, „Тенк“.

„Адвокатите ме информираа дека на рочиштето за ‘Тенк’ што беше предвидено додека бев во болница на преглед и примав терапија, за што до судот беше доставена медицинска документација, заедно со документацијата за уредно отворено задолжително породилно отсуство (кое според закон задолжително се отвара меѓу 45 и 28 дена пред породување), судијата Кацарска наредила да ми направат вештачење за да се утврди состојбата во која се наоѓам т.е. да ме прегледа доктор што таа дополнително ќе го определи за да констатира дали и покрај обемната медицинска документација и препораките од докторите за ризиците за детето, во последните недели од деветиот месец од бременоста, навистина сум спречена да ги следам долготрајните рочишта кои се одвиваат во отежнати услови и на високи температури“, се вели во објавата на Јанкулоска.

Во објавата, ексминистерката наведува и дека адвокатите ја информирале оти се закажани 8 дополнителни термини за рочишта на 13,14 и 29 јуни и 4,5,9,12 и 14 јули т.е за периодот помеѓу 38. и 42. недела од бременоста, односно 2 недели после крајниот термин за породување.

„Адвокатите исто така ми пренесоа дека ставот на судијата е дека ако во меѓувреме се породам, а не се донесе пресуда, најдоцна 40 дена по породувањето судењето морало да продолжи без оглед што по Законот кој го регулира породилното отсуство, јас и да сакам не можам да го прекинам пред да изминат 45 дена од раѓањето на детето. Но сега не можам да се оптоварувам со ефикасноста на реформираното судство, во овој момент најважно ми е да се потрудам сето ова да не влијае на здравјето на детето“, вели Јанкулоска во својата објава на фејсбук.

Инаку, за Јанкулоска, за која се води издвоена постапка, за во понеделник е закажано првото рочиште за случајот „Тенк“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ексклузивно: Сопругот на Јанкулоска зборува за жолтите комбиња, понудите за спас, кој ѝ нарачал прислушување

Кристијан Ландов

Јанкулоска до Мијалков во 2013: ДУИ забележаа и им пречи што даваме државјанства на луѓе во Кичево

Наум Локоски

Гордана Јанкуловска го покажа својот син, облечен во дрес од Ливерпул

Наум Локоски

Груевски и Јанкулоска фаворизирале економски оператор за набавката на „мерцедесот“

Наум Локоски

Јанкулоска: Телефонот ми бил следен 732 дена

Наум Локоски

Адвокатот на Јанкулоска и судијката се расправаа дали има полномошно

Наум Локоски