Адвокатот на Јанкулоска и судијката се расправаа дали има полномошно

Од:

Адвокатот Петар Василев на јавната седница рече дека советот судии на Апелациониот суд ја опструира одбраната на обвинетите бидејќи трипати судијката Шопова го прашала дали има полномошно да ја застапува обвинетата Гордана Јанкуловска, како и адвокатката Сања Алексиќ.

Василев се пожали на третманот на судот кон одбраната.

„Приговорот на обвинителниот акт е поднесен од мене“, рече Василев.

Судијката Љиљана Ивановска Шопова на почетокот на седницата посочи дека адвокатот Василев нема уредно полномошно за да ја застапува Јанкулоска. Таа побара согласност од ексминистерката за адвокатот Василев да и’ биде бранител во постапката. Јанкулоска се согласи.

Кога дојде редот да земе збор адвокатот Василев, тој говореше дека судот ја опструира одбраната од технички причини. Судијката му одговори на Василев дека нема намера да му го толкува Законот за кривична постапка.

„Не дозволувам вака да се однесувате во судницата!“ му рече судијката на Василев пред присутните. Говорете само за одговорот на жалба, а не за тоа како треба да се однесува судот, рече претседателката на судот. “Немате право да го барате тоа од мене”, рече Шопова. На крајот, таа му го одзеде зборот, бидејќи се произнесувал на одговорот за жалба, која ја немал добиено, бидејќи немал уредно полномошно. Тој побара од судот, неговите зборови да влезат во записник.

Шопова рече дека ако продолжува да зборува, ќе наложи да биде отстранет од судницата. Потоа збор зеде адвокатката Сања Алексиќ.

В.М.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он