Кривични против три лица во Прилеп поради измама околу регистрација на возило

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против три лица од Прилеп осомничени за поднесување лажни докази и употреба на исправи со фалсификувани содржини.

Кривични се поднесени против Ј.Н. (42) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поднесување на лажни докази“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против В.П.(62) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „помагање“ во врска со „поднесување на лажни докази“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против В.С. (66) и С.А. (43) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во периодот од декември 2016 година до февруари 2017 година првопријавената во Бирото за метрологија приложила лажно уверение за престој во странска држава, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила.

Исто така, првопријавената, при постапка за царинење доставила лажна изјава дека предметното возило, било надвор од Република Македонија во период од шест месеци.

Второпријавениот и покрај тоа што знаел дека првопријавената не ги исполнувала условите за користење на погодноста по член 24 од Законот за возила ја поучил како со изработка на лажни документи да ги искористи поволностите.

Трето и четвртопријавеното лице, вработени во станица за технички преглед во Битола, и покрај тоа што во барањето поднесено од страна на првопријавената немало конкретни и јасни податоци тие и издале согласност за регистрација на возилото.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол