Кривични пријави за прилепчани за лихварство

Од:

Четворица прилепчани добија кривична пријава поради сомнение дека сториле лихварство, соопшти МВР.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против прилепчаните Ј.Т. (39) и З.А. (43), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, предвидено и казниво по Кривичниот законик на РМ и против лицата Г.С. (46) и Е.А. (37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, предвидено и казниво по член 260, во врска со член 24 за кривично дело „помагање“ од Кривичниот законик на РМ, се наведува во соопштението.

Прилепчаните Ј.Т. и З.А. во периодот од 2012 до денес на лица кои се наоѓале во тешка материјална состојба им давале пари на заем со високи камати. Парите, како што велат од полицијата, им ги давале по претходно склучени договори кои содржеле и спогодба за обезбедување на пренос на сопственост на недвижен имот. Договорите содржеле лажни податоци за да бидат присилени оштетените да плаќаат високи камати. Е.А. посредувал помеѓу оштетените и Ј.Т. за одреден надомест. При потпишување на договорите кај адвокат, без да знаат за висината на каматата, оштетените доставувале имотен лист и како залог ја ставале својата куќа. Парите им биле исплаќани, а на Е.А. му била исплаќана сумата за извршеното посредство за заемот.

Од полицијата информираат дека, по извршените проверки кај нотари, било утврдено дека биле извршени заверки на потврдување на спогодба за обезбедување со пренос на сопственост на недвижен имот помеѓу Г.С. и должниците. По неисполнување на условите, биле изготвувани договори за пренос на соственост на недвижен имот помеѓу Г.С. и должниците.

– З.А. се стекнал со сопственост на една куќа и возило „БМВ“, со давање пари на заем со високи камати. На 21.04.2015, со судска наредба, биле извршен претрес во деловни простории на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, со истакната реклама за менувачко работење, а без истакнат назив на фирма, простории кои ги користи З.А.. При претресот биле пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени 8.980 евра, различен накит, посебно спакуван во помали кутии со впишан износ на парични средства, имиња и датум на прием на истите, соопшти полицијата.

Оттаму истакнуваат дека бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен еден тефтер со прирачна евиденција во која имало податоци за дневно работење, продавање на девизни средства од 18.10.2013 до 21.04.2015 година, а за која постојат основи на сомненение дека податоците се во врска со лихварство.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он