Кривични пријави против две лица за „измама“ и „фалсификување или уништување деловни книги“

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против А.Љ. (34) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, казниво од член 247 и „фалсификување или уништување деловни книги“, по член 280, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од МВР, поднесена е кривична пријава и против лицето Ф.Љ. (35) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“, казниво по член 247, во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Првопријавениот А.Љ. во ноември 2019 во Централен регистар регистрирал фирма од Скопје, на која истиот е сопственик и управител, при што во текот на декември 2019 година оштетил повеќе правни лица со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Притоа, тој со умисла и за сметка на фирмата нарачувал и купувал трговска стока, која потоа ја продавал како физичко лице и остварувал имотна корист, a книговодствената документација за извршената купопродажба не ја евидентирал, односно купената стока не ја прикажал во сметководствениот влез и излез, се наведува во соопштението на МВР.

Оттаму појаснуваат дека кривичните дела А.Љ. ги извршил на идентичен начин, со помош на второпријавениот Ф.Љ., негов брат, така што со доведување и одржување во заблуда на управителите на оштетените правни субјекти, пријавените за себе прибавиле противправна имотна корист во вкупен износ од 1.570.389 денари.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена