Кривична за директорот на Домот на културата во Крушево

Од:

Кривична пријава е покрената против директорот на Домот на културата “Наум Наумовски-Борче“ во Крушево поради “злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против С.Д.(47), кој, како што се наведува во соопштението во текот на 2016 и 2017 година, како директор на Домот без да распише тендер за јавни набавки користел услуги од угостителски објекти за репрезентации и набавувал огревни дрва од повеке фирми.

Исто така, за одржување на Домот на култура имало доставено фактура за набавка на 30 м2 ламинат, но од извршените проверки било констатирано дека ламинат не бил поставен во ниту една просторија.

Во текот на 2016 година на тендер за набавка на литература била избрана фирмата „Викели“, но надвор од рамките на тендерот, биле купувани книги и од други фирми со кои не бил склучен договор.

Со овие дејствија Домот на културата бил оштетен за вкупен износ од 202.806 денари.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски