А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за жител од Делогожда осомничен за осум кражби

by А1он26/11/2014 - 11:28108
Share0

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 20-годишниот В.Ш. од струшкото село Делогожда поради основано сомнение дека извршил осум кривични дела кражби и тешки кражби.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот извршил две кражби и шест тешки кражби во Делогожда во периодот од мај до ноември годинава.

– Во куќите влегувал откако ќе ги забележел сопствениците како заминуваат на работа. Тој се качувал на терасите и насилно ги отворал балконските врати. Знаејќи дека во куќите нема никој или дека сопствениците се во странство, пријавениот ги оштетувал решетките од прозорците на приземјето, го кршел стаклото и влегувал. Ги пребарувал собите и одземал пари, златен накит како и други вредни предмети, вели Димоски.

Одземениот златен накит, В.Ш. го продавал во неколку златарници во Струга по што, парите ги трошел во казина и за свои лични потреби.

Од извршените кражби и тешки кражби, тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 500 илјади денари.

krazbamvr

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто