Кривична пријава за вевчанец лиценциран за работа со шуми

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.Б.(47) од Вевчани-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

СВР Охрид информира дека пријавениот во текот на 2013 и 2014 година противзаконски издал 176 одобренија за сеча на 11.040 метри кубни дрва, од кои се исечени и со испратница испорачани 9052,5 метри кубни.

– Со тоа се стекнал со противпрана имотна корист од 2.281.230 денари. Наместо да постапи според Законот за шуми и Законот за општа управна постапка и поради некомплетна документација да ги одбива барањата за одобренијата за сеча, П.Б. противправно издавал одобренија и уредно не ги водел досиејата за нивното издавање. Тој не ги пополнувал евиденциските картони за приватна шума што е работна обврска согласно Законот за шуми, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Пријавениот, според него, во текот на 2013 издал испратници на физичко лице од Вевчани за превоз на 25 метри просторни дрва.

– На испратниците напишал дека дрвата потекнуваат и се превезуваат од приватната шума на физичкото лице М.Б. која има одобрение за сеча на катарстарска парцела 4396, иако знаел дека дрвата не потекнуваат од таа парцела. Со тоа овозможил одобрение за сеча на 50 метри кубни огревно дрво и противправна имотна корист од 56.250 денари, по што со свој потпис и печат ги изготвил и заверил испратници со невистинита содржина. Ги легализирал дрвата без одобрение и ги обележал со печат како да се сечени на приватна парцела, изјави Димоски.

Во 2013 година, пријавениот П.Б. незаконски издавал одобренија за сеча на приватна шума, без комплетна документација и без потребниот геодетски елаборат, туку само со приложена скица од теренско мерење, технички извештај, копија од катастарски план или записник за обнова на граница. Лани, како што информира Димоски, тој издал 63 одобренија за сеча, иако подносителите на барање не приложиле задолжителен геодетски елаборат, туку доставиле скица од теренско мерење, технички извештај, копија од катастарски план или записник за обнова на граница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски