А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец кој одгледувал марихуана

by А1он07/10/2015 - 13:19103
Share0

Секторот за внатрешни работи од Скопје во рамки на акцијата „Мрежа“ поднесе кривична пријава против 25-годишниот Д.Г. од Скопје поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“.

Добивај вести на вибер

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тој во текот на годинава набавил семе од „канабис сатива“ и го засадил во месноста викана „Песовци“ во атарот на Драчево при што стеблата ги одгледувал во пластеник и ги наводнувал преку систем „капка по капка“.

На 5 октомври извршен е претрес на парцелата која била сопственост на В.С., а осомничениот ја изнајмил и користел. Во еден од пластениците се пронајдени 135 стебла кои се предадени за вештачење и е потврдено дека се „канабис сатива“.

Досега во рамки на акцијата поднесени се кривични пријави против повеќе од 195 лица и запленети се над 540 килограми најразновидни наркотични средства и стебла од растението канабис.

drogamvr

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он21/02/2026 - 11:3021/02/2026 - 11:05

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:26

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен