Кривична пријава за работодавач од Кичево кој вработил две лица без договор за вработување

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „повреда на права од работен однос“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Л. (37) од Кичево и против правниот субјект ДПТПУ „Зоран Ѓорѓијевски Краљо“ увоз – извоз ДОО Кичево.

Пријавениот, во својство на управител на правниот субјект, спротивно на членовите 13 и 121 од Закон за работни односи, свесно, на лицата З.Ѓ. и Г.М. двајцата од Кичево, им ги повредил правата за засновање на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување. Пријавениот, на 13 декември 2015 година, го ангажирал З.Ѓ., а на 17 декември истата година и на 29 март 2016 година го ангажирал и Г.М. од Кичево на работно место такси возач но, без да склучи договор за вработување.

На тој начин, на вработените такси возачи во континуитет им биле повредувани правата за засновање на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување, изјави подпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари