Кривична пријава за прославата на роденденот на Ахмети со функционерите од ДУИ

Од:

Министерството за внатрешни работи доставило кривична пријава до Обвинителството за роденденскиот собир на функционерите од ДУИ во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, без дистанца и носење на маски. Министерот Оливер Спасовски вели дека во министерството каде што се славело, сега има надзор и од Трудов инспекторат. Дали има или нема кривично дело, ќе треба да одлучи Обвинителството. Според него, ако неговиот заменик за МВР, Назим Буши не бил казнет за непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот, можеби немало да носи маска.

„Тој е казнет, затоа носи маска. Ако не беше казнет, можеби немаше да носи маска. Казнети се сите до еден што беа на маски на таа маса, без разлика дали се пратеници, претседатели на партии, министри. Кога зборуваме за изрекување на казни за државни функционери, барем на мене или ова раководство на МВР не можете да му замерите. Сите до еден до сега имале казни затоа што имале превиди. Кривичните пријави се доставуваат до Јавното обвинителство, а тие ќе кажат дали има кривично дело или не. Има протокол како државните институции се однесуваат при одредени состаноци. Од кривично-правен аспект ќе се изјасни Обвинителството. Од аспект на прекршочната одговорност, на сите нив им се изречени санкциите. Има и вонреден инспекциски надзор од Трудов инспекторат. Важно е да се почитуваат мерките, без разлика дали е од функционер или не, рече Спасовски.

Функционерите на ДУИ со торта го прославија роденденот на лидерот Али Ахмети. По ова, МВР ги казни со по 20 евра за неносење на заштитни маски во затворени простории. За прославата се обзнани откако Бујар Османи објави фотографија на социјалните мрежи. На неа се лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши, поранешниот министер за образование Арбр Адеми, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за животна средина Насер Нуредини и уште седуммина сопартијци.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски