А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за познат скопски крадец

by А1он21/07/2013 - 13:04140
Share0

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно Јавно обвинитетлство-Скопје го предаде лицето И.А.(42) од Скопје поради основано сомнение дека на 16. овој месец на бул.„Гоце Делчев“ на автобуската постојка пред ТЦ „Мавровка“ извршил „џепна кражба“.

Добивај вести на вибер

Пријавениот И.А., соопшти денсека МВР, околу 12,15 часот на бул.„Гоце Делчев“, поточно на автобуска постојка пред Т.Ц. Мавровка, додека оштетениот Р.М. од село Бојане се качувал во автобус бр. 56, со протнување рака во неговиот заден десен џеб од фармерките му го одзел паричникот. Меѓутоа бил забележан од оштетениот по што настанала турканица во обид оштетениот да си го поврати новчаникот. Пријавениот И.А. одземениот новчаник го скрил во неговата кошула што ја носел префрлена преку левата рака.

Тој е фатен и приведен во ПС ОН „Бит Пазар“ каде е извршен службен разговор. Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот И.А. се одземени еден машки новчаник кафеава боја, 400 денари, лична карта, возачка дозвола, италијанска дозвола за престој сите на име на оштетениот, и друга лична карта и истите со потврда за вратени предмети се вратени на оштетениот Р.М.

Со наредба од Истражен судија за вршење на претрес на дом и други простории, извршен е претрес во домот на пријавениот И.А., при што од извршениот претрес не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Лицето И.А. минува во крим евиденциите на СВР Скопје за извршени повеќе кривични дела „кражби“, при што му се изречени парични казни како и казни – затвор.

krazbamvr

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто