Кривична пријава за поранешен извршител од Штип

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.В.(46) од Штип осомничена дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавената, поранешен извршител именуван за подрачје на Основни судови Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, во периодот од 27.12.2018 до 31.12.2018 година, во два наврати ја злоупотребила службената положба и овластување.

– Првиот пат при примање на Решение од 26.12.2018, доставено од Комора на извршители на РСМ, за изречена привремена забрана за вршење на должноста-суспензија, таа на 27.12.2018 од посебна сметка во банка префрлила 130.000 денари на нејзина редовна сметка во банката, без претходно образложение по кој основ се префрлени овие парични средства. На 31.12.2018, пријавената на ист начин префрлила уште 8.000 денари или вкупно 138.000 денари и за тој износ ги оштетила доверителите на кои по разни основи им легнале овие парични средства на посебна сметка и за кој износ требало да бидат исплатени од пријавената, соопшти денеска МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски