Кривична пријава за наркодилер од Охрид

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, СВР – Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишен охриѓанец. Пријавениот Г.А. на повеќе наркозависници од Охрид им вршел продажба на опојна дрога хероин, но и посредувал во набавка на опојната дрога.

– Пријавениот хероинот што го поседувал од по 5-10 грама, најнапред ги препакувал и во помали дози ги продавал на лица наркозависници од Охрид. Тој планирал со дополнително мешање и препакување да направи околу 50 помали паковки со хероин кои понатаму сакал да ги продава по цена од по 1000 денари, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 27 овој месец пријавениот од 26-годишно лице, познат наркозависник од Охрид, примил десет илјади денари, за да набави хероин за лична употреба, но и за натамошна продажба. Истиот ден во 17:40 часот полициските инспектори пред неговата куќа ги затекнале двете лица и уште еден наркозависник од Охрид. Забележувајќи ги полициските оперативци, пријавениот од десниот џеб од јакната исфрлил две најлонски кеси со кафеава прашкаста материја. Истите биле запленети и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Пријавениот е лице познат на службата против кого и претходно по слични основи се поднесувани кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник