Кривична пријава за директорот на Музејот на албанската азбука во Битола поради злоупотреба на службена положба и овластување

Од:

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против А.Н(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

„Пријавениот, во својство на службено лице, директор на Националната установа – Музеј на албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротивно на Закон за јавни набавки и Закон за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да се стекнат со имотна корист, а со тоа го оштетил буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.128.551 денари“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра