Кривична пријава против стружанец за неовластена набавка на оружје и муниција

Од:

Жител на струшкото село Лабуништа за 300 евра неовластено набавил автоматска пушка и муниција, за што против него од полициска станица Струга е поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти СВР-Охрид, лицето Р.Ш. (47) од струшкото село Лабуништа пред три месеци, за сума од 300 евра, неовластено набавил огнено оружје-автоматска пушка АК-47 и двеста парчиња муниција- калибар 7,62 милиметри.

Пронајденото огнено оружје и целокупната муниција се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ