Кривична пријава против секретарот на Охридската болница, лажирал дека има положено правосуден испит и си пресметувал повисока плата

Од:

Поднесена е кривична пријава за секретарот на Охридската болница, бидејќи лажно се прикажувал како дипломиран правник со положен правосуден испит и за себе пресметувал повисока плата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „измама во службата“.

При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница – Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А.Н., во својство на секретар во Општа болница – Охрид, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за периодот од 01.01.2019 до 31.10.2021. Притоа, лажно прикажал повисоки коефициенти за пресметана месечна плата за себе, лажно прикажувајќи се како самостоен стручен соработник – дипломиран правник со правосуден испит, лажен-неоснован коефициент за раководење и одговорност, кои самиот си ги одобрил. Врз основ на тоа му биле исплатени повеќе средства во износ од 77.357 денари“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена