Кривична пријава против разбојник што украл 168.000 денари од скопски клуб за игри на среќа

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(53) поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“.

На 31 март годинава С.А. од клубот за игри на среќа „Астра Сава“, сопственост на „Мастер Бет“ ДООЕЛ Скопје, насилно одзел 168.000 денари и стекнал исто толкава противправна имотна корист.

Како што соопшти полицијата, настанот се случил околу 8:55 часот во клубот лоциран на булеварот „Партизански Одреди“ бр.47, во непосредна близина на Универзална Сала. Осомничениот го извршил разбојништвото вперувајќи пиштол врз една од вработените, наредувајќи и да му ги даде парите. Откако ги зел, спакувани во кеса, избегал во непознат правец.

По извршениот увид, направен е записник. Следниот ден, на 1 април, со судска наредба издадена од истражен судија, обезбедена е копија од видео записот од безбедносните камери снимени на едно ЦД. Единицата за истрага на местото на настанот и вештачење при СВР Скопје го обработи видео записотврз основа на што сторителот е идентификуван и приведен.

По судска наредба, извршен е и претрес во домот на пријавениот за што, и покрај преземените мерки за пронаоѓање, парите не се пронајдени.

С.А. е познат сторител на имотни деликти и досега повеќе пати е кривично пријавуван и казнуван.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари