Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Македонски Брод

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В.(59), Љ.Б.(52) и Г.М.(51), сите од Македонски Брод, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 30.10.2006 година првопријавениот, како градоначалник на Општина Македонски Брод, без согласност од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, ја именувал третопријавената за директор во Детската градинка „7-ми Септември“ – Македонски Брод. Исто така, во текот на 2016 и 2017 година, соопшти денеска МВР, првопријавениот, извршил незаконско именување на двајца раководни административни службеници во Општина Македонски Брод.

Во текот на 2016 година, второпријавениот, како директор на детската градинка „7-ми Септември“ – Македонски Брод, без распишан јавен оглас, ја вработил третопријавената, со што истата, по основ на плати, се стекнала со противправна имотна корист од 1.054.971 денари, додека била предизвикана и дополнителна штета на градинката од 48.840 денари. Во периодот од 30.10.2006 до 30.04.2008 година, третопријавената, како директор на детската градинка „7-ми Септември“ Македонски Брод, спротивно на Законот за работни односи, Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно Закон за извршување на Буџет на РМ, без согласност од Министерството за финансии, вработила две лица. Исто така, во текот на 2007 и 2008 година, третопријавената, и покрај тоа што знаела дека во наведената институција не била во редовен работен однос, депонирала свој потпис во Централен регистар, а потоа врз основа на одлука на Совет на Општина Македонски Брод, ретроактивно и биле исплатени шест плати, со што се стекнала со противправна имотна корист од 101.262 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка