Кривична пријава против поранешен градоначалник на Крива Паланка за незаконско вработување

Од:

Поранешниот градоначалник на Крива Паланка А.А (56) заработи кривична пријава од СВР Куманово, поради сомнвање дека ја злоупотребил службената положба и овластување, односно незаконски дал согласност за вработување на две лица во ученички дом.

А.А. во својство на градоначалник на Крива Паланка во период од мај 2014 до јуни 2015 година, во четири наврати на барање за согласност за вработување на две лица-воспитувачи доставено од В.Ј, в.д директор во ОУД “Боро Менков“, дал четири согласности за нивно вработување на определено време, спротивно од Закон за ученички стандард.

Како што информира денеска МВР, воспитувачи и стручни соработници во ученички домови мораат да засноваат работен однос на определено време и без јавен оглас, но работниот однос да не трае повеќе од три месеци во текот на учебната година.

– Но и спротивно на Правилникот за мерилата и критериумите за финансирање на дејноста во јавни ученички домови, донесен од Министерството за Образование и наука каде што во членовите 4 и 5 е наведено дека како критериум за признавање на број на вработени е бројот на учениците во ученичкиот дом, односно до 150 ученици по 1 вработен воспитувач, со претходно добиена согласност од МОН, се вели во соопштението од МВР.

Иако капацитетот на бројот на леглата во ОУД “Боро Менков“ е 80 ученика, со што не биле исполнети условите за вработувања на уште двајца воспитувачи тие биле вработени без добиена согласност од МОН, со што им било овозможено на М.Д и Д.Ѓ со нивно вработување да се стекнат со противправна имотна корист во висина на месечни примања на име личен доход со платени придонеси за период од 1 јуни 2014 до 31 мај 2015 година, на штета на Буџетот на РМ.

Од МВР информираат дека поднеле кривични пријави за уште пет лица.

СВР Куманово поднесе кривични пријави и против в.д директорот во ОУД “Боро Менков“ В.Ј. (50), против М.Д. (37), Д.Ѓ. (30) и Б.Т. (57) – вработени во ОУД „Боро Менков“, како и против М.М. (67) поранешен директор во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка. Тие се сомничат дека ги сториле кривични дела: „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ направени во незаконско вработување

Директорката на Ученичкиот дом, пак, добила кривична пријава бидејќи во домот примила 27 ученици, кои не ги исполнувале условите за да добијат сместување, а и реално не престојувале во домот, а наводно директорката секој месец од министерството за нив добивала по 7.500 денари.

По објавен Конкурс за прием на ученици во Јавни ученички домови во РМ за учебната 2014/2015 година од 26 јули 7 јули 2014 година, без спроведена постапка (формирање на комисија за утврдување на исполнетост на условите за прием) не само што изготвила списоци за примени седум редовни ученици во предвидениот рок, туку и надвор од рамките на конкурсот, изготвила дополнителни списоци без спроведена постапка, за прием на дополнително 38 редовни ученици во училишниот дом и овој дополнителен список со Барање од 12 септември 2014 година го доставила до МОН.

По ова донесено е Решение од 17 септември 2014 година за давање согласност за нивен прием , иако знаела дека 27 ученици воопшто не ги исполнувале условите и критериумите за прием и престој во домот. Сепак врз основа на запишаните 27 ученици кои нередовно престојувале или воопшто не престојувале во домот, В.Ј. до МОН секој месец, доставувала Барање со список на 45 ученици сместени во домот, со прилог Барање за финансиски средства за 45 ученици по цена за сместување од 7.500 денари, прикажувајќи дека во домот постојано престојуваат 45 ученици, кои редовно посетуваат настава во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка, во период од септември 2014 година заклучно со месец март 2015 година. Со тоа дејствие за 27 ученици кои воопшто не престојувале во овој период го оштетила Министерството за образование и наука а со тоа и Буџетот на РМ во вкупен износ од 1.417.500 денари.

Исто така, поднесените Пријави на учениците, кандидати за престој во Ученичкиот дом за учебна 2014/2015 година воопшто не се заведени во деловодната книга иако на самите пријави се внесени деловодни броеви. На истиот начин продолжила со сторување на наведени инкриминирани дејанија и во учебната 2015/2016 година.

Тројца вработени во домот пак се сомничат дека во евиденцијата внесувале податоци за овие ученици, иако тие не престојувале во домот.

М.Д. , Д.Ѓ и Б.Т. вработени во ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка како воспитувачи со договор на определено време, во периодот од септември 2014 година до март 2015 година во континуитет ја злоупотребувале службената положба и овластување на начин што Д.Ѓ. како одговорен воспитувач на I воспитна група, М.Д. и Б.Т. како одговорни воспитувачи во II воспитна група, иако согласно Статутот на ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка имале должност да водат секојдневна педагошка евиденција и тоа Дневник за работа на домот и Дневник за воспитна група, тие во неа внесувале невистинити податоци за присуство на часови-подготовка за настава за 27 ученици.

Втората деловна книга Дневник за работа на домот, ја воделе непрописно спротивно од одредбите од Статутот на Ученичкиот дом, односно во тетратка во кој е водена евиденција за присутност и престој во домот се внесувани податоци до октомври 2014 година, а недостасуваат листови со податоци до крајот на 2014 година кои се уништени, а во тетратката за 2015 година се внесувани податоци за 2015 година со евидентирано присаство на многу мал број на ученици кои што вистински престојувале во домот.

Од таму додаваат дека кривична пријава е поднесена и за поранешен директор на средното училиште „Ѓорче Петров“ кој иако знаел дека 24 ученици не користат бесплатен превоз, сепак од Министерството биле побарувани средства и за нив.

М.М. во својство на директор во СОУ“ Ѓорче Петров“ Крива Паланка (разрешен со Решение од 12 мај годинава во период од септември до крајот на декември во учебната 2014/2015 година во континуитет ја злоупотребувал службената положба и овластување така што 24 редовни ученици, без никаква документација, без согласност и изјава од родител старател ги внел во список на ученици кои користат организиран бесплатен превоз од место на живеење до училиштето и обратно за 2014/2015 година.

За учениците од страна на МОН му биле редовно префрлувани парични средства во вкупен износ од 149.043 денари, утврдено според Договор за јавна набавка на услуги – превоз на ученици склучен меѓу општина Крива Паланка, СОУ „Ѓорче Петров“ и АД „Пролетер“ од Конопница, Крива Паланка.

Иако знаел дека од СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за наведените 24 ученика биле издадени Потврди сите заведени под деловодни броеви на Барање на учениците заради сместување во дом не извршил корегирање на списоците на учениците кои користат превоз и ваквите списоци ги доставил до Секторот за образование во Општина Крива Паланка од каде, пак, тие се доставени до превозникот АД „Пролетер“ село Конопница, а истото правно лице изготвувало фактури секој месец за извршен превоз.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он