Кривична пријава против лице од Скопје за „загрозување на животната средина и природата со отпад”

Од:

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.Т. (43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.

На 5.10.2022 година полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола во склад за собирање и складирање разни видови метален и други видови отпад на улицата Шарпланинска во општина Ѓорче Петров.

Притоа пријавениот бил затекнат како во моментот неовластено тргува со отпад, без да е регистриран во Централен регистар како физичко лице или како трговец поединец и без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува во согласност со член 64 од Законот за управување со отпадот.

Би можело да ве интересира

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Правиме помалку ѓубре од Европејците, проблем е што не селектираме, но и токсичноста на индустрискиот отпад

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Гори отпад од стари автомобили во Куманово

А1он

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад