Кривична пријава против дебранец за поседување наркотични средства

Од:

Дваесет и осумгодишен дебранец, заработи кривична пријава откако полициските службеници кај него пронашле наркотични средства.

– Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.К(28) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој посочи дека при контрола извршена на 25 февруари годинава, полициските службеници кај Б.К. пронашле и одзеле хероин и марихуана.

Димовски истакна дека според статистичките податоци на ОВР Дебар, во изминатото деноноќие, на ова подрачје полициските службеници констатирале 18 прекршоци за неносење лична заштита на лицето или во изминатите денови од оваа седмица 42 прекршоци.

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување ширење на заразната болест Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски