Кривична пријава против 26-годишен скопјанец за обид за убиство во Ченто

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, со кривична пријава го предаде А.М.(26) од Скопје, поради основи на сомнение дека на 24.09.2018 година со повеќе истрели од огнено оружје се обидел да го лиши од живот Ј.Б.(22) од Скопје, со што сторил кривично дело „убиство во обид“.

Како што соопшти МВР, завчера околу 00,05 часот на крстосница на улиците „Дормиторскa“ и „Алија Авдовиќ“ во населба Ченто пријавениот A.M. го пресретнал Ј.Б., излегол од возило и од автоматска пушка пукал кон оштетениот, кој управувал патничко моторно возило „мерцедес”. Повредениот од случајни минувачи бил однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде е задржан на понатамошно лекување.

– Од страна на полициски службеници извршен е увид на местото на настанот. По преземените мерки и активности дојдено е до сознанија дека можен сторител на кривичното дело е А.М. и тој од страна на полициски службеници е лишен од слобода, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он