Кривичен суд: Наводите на САДУ се невистини и шпекулации

Од:

Кривичниот суд Скопје ги оценува како невистини и шпекулации наводите изнесени од Синдикатот за администрација и државна управа на Македонија (САДУ) дека се вршат притисоци врз синдикатот за да се стопира најавениот штрајк во Основен суд Скопје 1.

-Во врска со наводите на синдикатот – САДУ за „Притисоци врз синдикатот да се стопира најавениот штрајк во Основен суд Скопје 1 – Скопје“ ги известуваме медиумите дека се работи за апсолутни невистини и шпекулации кои го нарушуваат угледот како на Судот, така и на самите вработени во
институцијата – членови на синдикалните организации, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

За таа цел од Кривичниот суд бараат раководството на САДУ да престане да манипулира со совето членство и, ккао што велат, да се повикува на истите со пласирање на лаги и невистини.

-За појаснување потребно е да напоменеме дека на споменатиот состанок помеѓу Управата и судските службеници во Судот, не само што воопшто не стана збор за било какви закани и казни, туку Управата даде целосна поддршка и слобода на сите вработени самите да одлучат дали и во каква форма ќе стапат во штрајк за остварување на нивните права. Со дозвола на службениците, целиот состанок е аудио снимен се со цел да не дојде до неосновани обвинувања и изнесување невистини од самиот состанок, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

Заради сето тоа, Судот бара од раководството на САДУ демантирање на изнесените невистини и извинување со цел да се заштити угледот на Судот и на вработените, а во спротивно, како што истакнуваат, ќе поднесе тужба за објавените лаги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов