Кривичен го одби барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Од:

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од 4 години и 8 месеци која му беше изречена од страна на судот за случајот „Труст“ кој се однесува на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Според пресудата Кочан со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции од 01.07.2019 за предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, на 12.07.2019 год одржа седница и по ценење на фактите и доказите донесе решение со кое ја одби жалбата на обвинетиот и го потврди решението на судија за извршување санкции, велат од судот.

Од Кривичен информираат и дека Кочан доставил ново барање за одложување на затворската казна. По барањето ќе одлучува судија откако претходно ќе биде извршен увид во барањето и околностите.

Осудениот бизнисмен Сеад Кочан на 17 јули треба да се појави на капијата во КПУ Идризово од кога ќе започне со издржување на затворската казна.

-Кај судија за извршување на санкции доставено е ново барање за одлагање на извршувањето на затворската казна за кое е потрбно да се извршат неопходни извиди по што судија ќе одлучува, а по донесеното решение странките и јавноста ќе бидат навремено известени, стои во соопштението на судот.

Би можело да ве интересира

На „Титаник“ се сослушуваат сведоци

Ана Ололовска

Судењето за „Титаник 3“ одложено за 29 јануари

Ана Ололовска

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Ана Ололовска

Oператор им ги исклучи телефоните на СЈО

Васко Маглешов

Ново рочиште за „Топлик“

Ана Ололовска

Случај „Рекет“: Јовановски, Јанева и Милески повторно се среќаваат, овојпат на суд

Мери Јордановска