Крива Паланка ќе добие нова сала за презентации

Од:

Општина Крива Паланка започна со реконструкција на големата салата на Советот и познатата мала сала во зградата на локалната самоуправа, со чијашто обнова општината ќе добие модерна сала, која освен за седници на Советот на општина, ќе се користи и за други намени.

Активностите се дел од проектот „Промоција на туристичките атракции во 3D” финансиран од ИПА ЦБЦ програмата на Европската унија, за кој општината аплицираше преку Североисточниот плански регион.

– Големата сала за седници досега се користеше за одржување и на бројни останати настани, покрај од наша страна, и од другите институции, здруженија и групи на граѓани. Со имплементацијата на овој проект општина Крива Паланка ќе добие најсовремена сала за 3D презентации која ќе биде опремена со најсовремена ИТ опрема, кабини за симултан превод, мебел и ентериер кој ќе овозможи брзо и лесно адаптирање на просторот во однос на потребата и намената, информираат од општина Крива Паланка.

Освен големата сала, ќе се реновира и придружната, т.н. мала сала, која ќе биде уредена за одржување состаноци и настани со помал број учесници. Со оглед на динамиката на работа, двете сали како и фоајето, се очекува да бидат комплетно реконструирани во рок од два месеци.

Од Општината посочија дека салите освен за сопствени потреби, ќе бидат достапни за користење на сите институции, здруженија и групи на граѓани од североисточниот регион на Република Македонија.

Со оглед на тоа што големата сала во Општина Крива Паланка служеше и како сала за венчавање, во периодот на реконструкција венчавките, како и седниците на Советот ќе се одржуваат во Локалната установа Градски Музеј, Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Апасиев примил претставка од оштетените граѓани од Крива Паланка – бараат собраниска реакција за долгогодишниот проблем со кравите

Поради расправија за добиток претепале жена во Дрење, ѝ скршиле скочен зглоб

Нова кривична пријава за таткото и двете ќерки од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

Горан Наумовски

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Координативен состанок за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на добитокот во Крива Паланка

Предраг Петровиќ