А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Kриминалитетот во Крива Паланка во првата половина од годинава зголемен за 47,4 отсто

by А1он06/08/2018 - 14:33165
Share0

Во првите шест месеци од годинава криминалитетот на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце е зголемен за 47,4 отсто, споредено со истиот период минатата година, информираат од Полициската станица од општа надлженост во Крива Паланка во врска со преземените мерки и активности.

Добивај вести на вибер

Командирот на Полициската станица ОН Крива Паланка, Дејан Маринковски, истакна дека во текот на првото полугодие од годинава година се регистрирани 120 кривични дела, што во однос на истиот период минатата година кога биле регистрирани 63, е зголемување од 47,4 проценти.

– Од вкупниот број регистрирани кривични пријавени и регистрирани кривични дела, 98 се реализирани, што претставува вкупна реализација од 74,2 отсто, додека реализацијата во истиот период лани изнесувала 59 отсто. Во текот на извештајниот период, бројот на поднесени кривични проијави и регистрирани сторители исто така е зголемен, односно поднесени се вкупно 89 кривични пријави против 128 сторители, рече Маринковски на презентирањето на информацијата на 13-та седница на Советот на Крива Паланка.

Од областа на класичниот криминал се регистрирани 114 дела, кои бележат пораст од дури 90 отсто споредено со првото полугодие во 2017 година, кога биле регистрирани 60 кривични дела.

– Од регистрирани дела од непознат сторител сторени се 34, а од нив, по превемени мерки и активности, расветлени се 12 случаи. Останатите 80 дела се сторени од познат сторител, а реализирани се 80 отсто од нив, односно 92 дела, додаде Маринковски.

Најголем процент од кривичните дела од областа на класичниот криминал се имотни деликти, со регистрирани 35 кривични дела.

Во првите шест месеци од годинава на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце се регистрирани и пет кривични дела од областа на економски криминал од кои две дела се злоупотреба на службена положба, две се вршење јавен превоз без поседување лиценца и едно дело е симнување или оштетување на службен печат. Регистриран е еден случај од областа на недозволена трговија со дрога, против познат сторител од кој е одземено едно стебло канабис сатива, додека од областа на организираниот криминалитет во овој период нема регистрирано ниту едно кривично дело.

kriva-palankamvr

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:2326/02/2026 - 15:08

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он21/02/2026 - 17:06

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен