Крик за слободата

Од:

Другари и другарки мои, борци и соборци, недела е денот за одлука кој ни се ближи. Во недела е денот за одлука за нашата иднинина и вашите деца! Да не дозволиме Македонија да остане држава лулка на криминалот, да не дозволиме да биде држава на сиромаштија и беда! Татковци, мајки, роднини ве замолувам земете ја иднината во свои раце! Не дозволувајте вашите деца, внуци, пријатели да се отселуваат од својата татковина барајки нов топол дом далеку од своето огниште покрај најмилите. Имаме историска шанса  само ако сме сплотени и единствени, ако сме заедно рамо до рамо онака како што бевме заедно изминатите 10 год. Во борба против овој режим и диктатура, победата и падот на режимот ке биде извесен.

ЗА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

Им го должиме тоа на нашите соборци, на кои не им издржа срцето во оваа битка против режимот и диктатурата! Им го должиме и на оние кои сеуште се борат заедно со нас! И на Ана и Петар и на Симона и Агим, Џелал и Вики и Гунер и Дехран и Сања , Мишко Илија , Ненад, Ангела, Здравко, Душан и Осман и Емине… Имаме одговорност и кон МАРТИН, АЛЕКСАНДРА, ТАМАРА….. ВЕЧНА ИМ СЛАВА..

Затоа другари и соборци   во недела наутро ќе бидам покрај моите најмили ќе го празнувам денот на слободата! Ќе го бакнам челото на мајка ми достоинтвено ќе се поздравам со татко ми ќе зачекорам спокојно и гордо кон избирачкото место ќе заокружам бр 4 и заедно со вас ќе испишам една историја, ќе бидам  дел од   новиот живот во Македонија.

Ајде сите заедно да испишеме историја, сите заедно да донесеме живот во Македонија.

За живот во Македонија!

Да ни е вечна татковината!

Се гледаме и читаме од понеделник во слободна Македонија

Честито слобода!

 

Един ЈАКУПОВИЌ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска