Крик, молба, бес, немоќ. Зошто нема луѓе?

Од:

Денес на вонредната седница не дебатиравме….. Знаете зошто? Затоа што нема луѓе, затоа што партиските мегафони ќе ве извадат од контекст. Затоа, наместо да бараме одговорност, доделивме 5,000 евра? И не се осмелувајте да полемизирате за политичка злоупотреба.

Верски е човек да му се предаде на Бога, но верски е исто така да се признае гревот. Полесно Ви е да ја осудите природата отколку одговорните. Не ми зборувајте за солидарноста, лична е.

Во централниот Буџет има мои пари и сакам од нив да пренасочите токму за оваа потреба. Некадарни едни, имате и стокови резерви. Радикално, но се’ додека не почнат да ве дават со голи раце, се’ дотогаш ќе бидете кумови на маката. Се’ дотогаш ќе се појавувате лицемерно на поворките. Така прават големите криминалци.

И да, кога зборуваме за медиумски мрак, погледнете колку е погубен. Два дена внатрешноста не знаеше што токму се случува во Скопје. …..Реплицирајте со факти, и тогаш ќе ви покажам колку чинат пет илијади евра, колку локални новинарски клипови и афирмативни написи.
Срамота, зошто нема луѓе? Злоупотреба на настан? Така го викате? Не бе, дечки, вие не сте на ниво на задачата. Да го направиш човек да биде благодарен кога се дави во фекалии не е ништо поразлично од тоа да му се заблагодарите на Никола за тоа што помалку нужда вршеше додека беше отсутен од државава. Да, Никола, „премиерот“, претседателот. Да, кажете му на Никола дека е „пали- гаси“.

Реално, можеби треба да му се налутиме зато што често и братучедите се надвор од земјава, па ја немавме честа да се валкаме во нивните фекалии.

Ние сме благодарен народ, на кој му недостига веројатно уште поголема количина антички фекалии…

Дејан Блажевски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска