Националната галерија на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Бугарија во Македонија и Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „Во Мојот Свет“ денеска организираат креативни ликовни работилници на деца со аутистичен спектар на нарушување и деца од редовната настава на лица со посебни потреби.
Креативната работилница, што се одржува во пресрет на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби ќе се одржи во Чифте амам.
Децата ќе работат со различни сликарски материјали и техники во придружба на музико терапија.
Целата манифестација е под мотото „Едно Сонце за сите деца“.