А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

by А1он12/04/2022 - 20:48823
Share0

Денеска се одржа иницијалниот состанок за развивање на новата „Национална стратегија за лицата со попреченост на Република Северна Македонија“, со кој претседаваше Спасе Додевски, надворешен советник за унапредување на образованието, здравствената и социјалната заштита, институционалниот систем на лицата со попреченост и претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Следете a1on на Instagram Instagram

„На состанокот, на кој присуствуваа претставници на Министерството за труд и социјална политика, германската асоцијација за меѓународна соработка (ГИЗ), претставници на агенциите на Обединетите нации во земјава, беше истакнато дека со овој работен состанок, започнува процесот на креирање на концептот нова „Национална стратегија за лицата со попреченост“ за наредните седум години.

Носител на оваа активност е Министерството за труд и социјална политика, додека Националното координативно ќе биде задолжено за координација и фасилитирање на целиот процес, а ГИЗ и агенциите на ОН ќе бидат техничка и финансиска поддршка на целиот процес.

Новата национална стратегија ќе се изработува низ широк дијалог со претставниците на граѓанските организации на лицата со попреченост и самите лица со попреченост со што ќе се почитува принципот „Ништо за нас без нас“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од страна на присутните беше потенцирана заложбата заеднички да се обезбеди мултисекторски, мултидисциплинарен и холистички пристап при што лицата со попреченост и нивните потреби ќе бидат во центарот на вниманието.

Душан Томшиќ, советник во МТСП, истакна дека по прашање на правата на лицата со попреченост отпочнат е процес на големи промени во нашата држава и дека со новата стратегија се очекува да одиме чекор понапред – од видови и категории на попреченост при остварување на правата да се помине кон функционална проценка и индивидуализација на поддршката. Сето ова, како што тој подвлече, ќе влијае врз форматот и содржината и на легислативата која ги опфаќа лицата со попреченост и сите понатамошни документи што се однесуваат на оваа популација.

На состанокот заеднички беше оценето дека во наредниот период ќе отпочне широка дебата во која ќе се слеваат сознанијата и експертизата на голем број странски и домашни организации, а во која клучна улога ќе имаат лицата со попреченост, со цел да се добие квалитетен документ од кој најголемиот бенефит ќе го има оваа популација“, велат од Владата.

lica so poprecenostvlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео