До крајот на месецот оглас за доделување 43 социјални станови во Кочани

Од:

По завршувањето на изградбата на новата социјална зграда во Кочани наскоро ќе биде објавен огласот за доделување на становите за граѓаните од ранливите категории.

Објектот е лоциран во месноста Драчевик и расолага со 1.620 метри квадратни корисна површина, а се градеше со средства од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, по двегодишно комплетирање на зградата, становите ќе бидат доделувани согласно Програмата за лица во социјален ризик.

– Во соработка со Министерството за труд и социјална политика до крајот на овој месец ќе го распишеме јавниот повик за доделување на 43 социјални станови за семејствата од најранливите категории. Зградата во Кочани е комлетно завршена, формирана е комисија меѓу двете министерства и очекуваме за краток период да започне вселувањето во објектот, рече министерот Горан Сугарески.

За изградбата на ламела два на социјалната зграда во Кочани инвестирани се околу 54 милиони денари, а таа располага со станови од 35 и 45 метри квадратни.

Со проектот чија реализација започна кон крајот на 2015 година, покрај Кочани опфатени беа и скопската општина Бутел, како и Ресен, Демир Хисар и Прилеп.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно