„Ковакс“ објави листа од 142 земји што ќе добијат вакцини – Македонија е меѓу нив, но нема временска рамка кога би пристигнале

Од:

Водачите на Ковакс-механизмот, преку кој и земјава треба да добие вакцини против Ковид-19, денеска ја објави првичната листа, составена од 142 држави кои треба да добијат вакцини преку овој механизам. Во Коалиција за иновации за подготвеност за епидемија (ЦЕПИ), членуваат и Алијансата за вакцини, Светската здравствена организација (СЗО), заедно со клучниот партнер за испорака УНИЦЕФ.

Според она што беше кажано на денешниот состанок на претставниците на овие организации, концентрацијата за помош од вакцини засега е кај африканските држави. Нема детална и прецизна рамка за тоа кога би пристигнале вакцините во останатите држави.

„Само што стартувавме,  во некои случаи ќе поминат недели, во некои случаи месеци“, беше кажано на денешниот состанок.

Овој прв круг на распределување се однесува на испораката на дозите на британската вакцина Астразенека и на Ковишилд, лиценцирана и произведена во Индија.

„Фајзер бара од земјите дополнителна работа, тоа одзеде повеќе време и тоа е причината зошто сега не се внесени во системот“, беше кажано на состанокот во однос на дистрибуцијата на вакцините.

Оваа листа ќе се ажурира до крајот на неделава и ќе се обезбедат временски рамки за набавка на вакцините, поделени во два дела февруари-март и април-мај.

Македонија, според листата, треба да добие 100,800 вакцини „Астразенека“, но временска рамка се уште нема, иако и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче изјавија дека првите дози треба да пристигнат месецов.

 „Овие временски рамки зависат од различни фактори, вклучувајќи ги националните регулаторни барања, достапноста на снабдувањето и исполнување на други критериуми, како што се валидизирани национални планови за распоредување и вакцинација, договори за обесштетување и одобренија за извоз и увоз“, информираат од Ковакс-механизмот.

Испораките на првите дози вакцини преку Ковакс веќе започнаа во Индија, Гана и Брегот на Слоновата Коска, а денеска и во Нигерија.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа