Ковачки: Скандалите на Спасовски во МВР никако да запрат, кој треба да профитира од украденото масло од марихуана

Од:

Во рок од неколку дена на Спасовски му се случува убиство кое се обидува да го сокрие, кражба на оружје и муниција од полициски магацин во Охрид за која исто така молчи, за на крај да крие и за една од најголемите кражба во Македонија до сега – кражба на масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра рече на прес конфференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

– Кражбата на масло од марихуана од просториите на фабриката на фирмата 5 летерс, која сега е во стечај во с. Алданци, Крушево во вредност од над 2 милиони евра е една од најголемите кражби досега во Македонија, а МВР на Спасовски 3 дена молчи. Украдени се 108 шишиња со масло од марихуана, од кои 93 се со количина од 1000 мл, додека 15 се со количина од 500 до 1000 мл. Во објектот има ангажирано обезбедување од една приватна агенција за обезбедување со седиште во Струмица, а просториите се под видео надзор со неколку десетици камери. Дополнително, маслото се чувало во специјален сеф. Оттука се поставува прашањето, што прави Спасовски 3 дена и зошто не ги прегледа камерите од објектот? Дополнително се поставува прашањето, што правело приватното обезбедување и зошто не е спречена кражбата, посебно имајќи во предвид дека ова не е прва кражба во фабриката вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски